март 4, 2021

Мицкоски: Кога ќе дојдеме на власт ќе правиме ревизија на сите нарачани судски пресуди

Денес по посетата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на компанијата „Еко циркон“, одговарајќи на новинарско прашање за случајот 27-ми април истакна дека за сите политички и диктирани пресуди по падот на Заев ќе има ревизија.

„Имаме заробено обвинителство каде што се диктираат обвиненија не само за 27-ми април туку зборуваме и за поширок опфат кои што служат за политички прогон. Имаме судство кое што функционира под диктат, односно како владетелот, а тоа е во случајот Зоран Заев и СДСМ ќе им издиктираат и такви пресуди се носат. Ако сето ова го сумираме и го изанализираме тогаш доаѓаме до заклучокот дека сме хибриден режим и не треба да не чуди што сме најкриминалната и најкорумпираната држава на Балканот според меѓународната реномирана „Транспаренси Интернешнл“. Тоа само по себе не води кон еден општ заклучок кој што би бил во следнава форма, следната Влада на ВМРО-ДПМНЕ сите овие издиктирани обвиненија, сите овие нарачани судски пресуди ќе ги ревидира и врз основа на таа ревизија која што ќе ја прават колеги обвинители, судии, но кои што биле чесни изминатиов период и не потклекнале на диктатите и нарачките на Зоран Заев и оваа власт“, рече Мицкоски.

Мицкоски додаде дека сите оние судии кои што прифатиле диктати и судски нарачани пресуди ќе бидат соодветно согласно Законите и Уставот, санкционирани.

-Така што неминовна ќе биде ревизија на сите овие нарачани под политички диктат донесени судски пресуди веднаш после промената на власт. Вклучително и за случајот 27-ми април, но и вклучително и за многу други политички случаи, вели Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •