март 5, 2021

Лидл шопинг на Македонци, прослави и плескавици во Врање

Скоро една година од почетокот на пандемијата на корона вирусот во Србија, од првите случаи до денес, Врање е меѓу петте градови со најголем број на заразени речиси цело време. Во неколку наврати, имало зголемен раст на случаите, претежно во фабрики, но последната експлозија на ширењето на вирусот се случи кај млади луѓе под 20-годишна возраст, пишува српски Телеграф.

Во Врање расте бројот на новоинфицирани со недели, а со денови овој град беше на второто место во Србија, веднаш зад Белград. Чаршијата зуе дека имало неколку прослави на полнолетство, а на нив се собрале повеќе од 100 луѓе, претежно млади.

„Друга причина за ширење на вирусот се смета масовното пристигнување на луѓе од Македонија, пред се од Куманово, на шопинг. Покрај нив, по неодамнешното отворање на трговски центар, но и поради други содржини, граѓани од други општини на југ, како и оние од Косово и Метохија, се собирале во Врање. На тоа треба да се додаде почетокот на учебната година, но и одењето на зимски одмори, пишува медиумот.

Иако во градот, во кафулињата, таверните, продавниците, маркетите и институциите строго се почитувала усогласеноста со мерките, како што пишува Телеграф, има шанси релаксацијата на младите на други локации да го шири вирусот во Врање.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •