март 5, 2021

Захариева: „Во Македонија се добиваат избори на антибугарска реторика, кај нас нема таква работа“

Бугарската министерка за надворешни работи ги отфрла критиките дека со блокадата на Македонија во преговорите со ЕУ му помагала на Кремљ, тврдејќи дека Русија не била против влегувањето на балканските земји во Унијата, како што била против членството во НАТО. Но дека дека било во руски интерес „тие да влезат во ЕУ нереформирани“, како што е Македонија. Соодветно на тоа, според Ектерина Захариева, „нереформираната“ Македонија во ЕУ ќе им служела на руските интереси.

Захариева во интервју за бугарскиот медиум clubz.bg потврдува дека ставовите на повечето нејзини европски колеги биле дека „сега се отвораат поглавајата ќе има многу време да се решат проблемите“, но вели дека Бугарија многу пати дала кредит на доверба, како во случајот со НАТО. Но со толку „силна антибугарска кампања, ќе биде тешко не само за Бугарија и РМ, туку и за целата ЕУ. Значи, нерешените билатерални прашања мора да се решат однапред“.

Захариева без да понуди никаков доказ во разговорот тврди дека „таму можете да победите на избори со антибугарска реторика“, а дека во Бугарија не било така. Таа својата оценка ја дава на прашањето на новинарот дали нејзината партија ГЕРБ му ја дала како концесија темата „Македонија“ на Красимир Каракачанов и ВМРО.

„Не, не мислам така. Ова е голема разлика помеѓу овде и овде. Таму можете да победите на избори со антибугарска реторика. Во Бугарија може да има одобрување на нашата позиција, но тоа не значи дека само поради оваа причина некој може да победи на избори. Во Бугарија, фала му на бога, изборите не се добиваат со спротивставување кон соседите“, вели таа.

На прашањето на новинарот дека смислата на ЕУ е кога си внатре да го следиш заедничкиот интерес и дека „нема ли да биде полесно да го промениме однесувањето на РСМ ако таа е внатре“, Захариева вели: „Не, не сакам таа да остане надвор“. Само сега не ја одобриле рамката, и тоа било различно. Таа ги повторува старите гледишта дека „воспитувањето на генерација по генерација на омраза кон Бугарија не може да продолжи. Ова нема да запре ако тие утре станат членки… Но, ако не се обидеме да смениме некои стереотипи, тоа не може да се случи автоматски со членството“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •