февруари 28, 2021

Две години од сообраќајната несреќа кај Ласкарци, судска разврска нема

Со марш и положување цвеќе на местото на сообраќајна несреќа кај скопското село Ласкарци во која загинаа 16 лица се одбележуваат две години од трагичниот настан.

Претставници на oрганизацискиот одбор за одбeлежување на двегодишнината од трагедијата кај Ласкарци, гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари и неговата сопруга на местото на несреќата положија цвеќе и оддадоа почит на загинатите.

– Се решвиме да дојдеме тука да го одбележиме овој трагичен ден и да изразиме почит. Сакаме и ваквите трагедии да ни бидат поука и да не се повторат изјави Таравари.

На новинарско прашање дали има сознанија за исходот од судскиот процес за несќераата, Таравари кажа дека не очекува праведен исход, бидејеќи како што рече, судски разврски нема во хибридни режими.

На иницијатива на неколку спортски друштва и клубови, годинава се организира вториот меморијален марш чија цел покрај оддавањето почит е да пренесе порака до учесниците и лицата кои се одговорни за безбедноста во сообраќајот за поголема совесност и почитување на законите. Заради неповолните временски прилики, организаторите значително ја скратија маршрутата и учесниците ќе тргнат од гостиварската патарина.

Пред две години на денешен ден, автобусот кој се обраќаше на редовна патничка линија, попладнето тргнал кон Гостивар. Од сè уште неутврдени причини, автобусот со 51 патник излета од коловозот и се преврте на стариот пат. Жителите на скопско Ласкарци беа првите кои помогнаа во спасувањето на повредените. За нивната пожртвуваност, гостиварската локална самоуправа, додели благодарници.

Две години по несреќата се води судски процес во кој се обвинети шест лица и сè уште трае утврдување на одговорноста и околностите кои доведоа до трагедијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •