март 2, 2021

Внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа и завршна фаза од проектот за комплетна ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на Републиката!

Ај нека му објасни некој на професорон шо магистрирал, докторирал и се вработил кај татко му на Машински, дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа и завршна фаза од проектот за комплетна ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на Републиката!

Изедначувањето на македонскиот народ, кој преку вооружена антифашистичка војна дошол до своја (а не туѓа) држава, со обична “етничка заедница” е чекор плус кон идна федерализација и поделба на државата, затоа што со тоа и се одзема државотворниот конститутивен статус на нашата нација и се сведува на една од многуте “заедници” кои живеат на оваа територија.

Со тоа, Република Македонија престанува да биде национална држава на мнозинскиот македонски народ и на малцинствата, онака како што сакале нашите основачи на АСНОМ, и станува лабава творевина – (полу)протекторат, составена од неколку етникуми!? Ама, за да го сконташ ова, треба да имаш политички сенс и правно-политолошко теоретско и практично знаење, а не од обичен анонимус во енергетската политика, да бидеш подметнат од Грујо на конгрес за “лидер”.

СтопЗаДемакедонизацијатаНаМакедонија

СтопЗаЕтноТрибализмотВо21Век

ЛевотоКрилоНаОрганизацијата

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •