март 4, 2021

Апелација му ја укина затворската казна на Ел Чека, предметот вратен на повторно судење

Апелациониот суд во Гостивар ја уважи жалбата и ја отфрли одлуката на кичевскиот суд, кој на Шеќерим Ахмети, познат како Ел Чека, му изрече затворска казна од една година, објави ТВ 21. Тој е обвинет за незаконско објавување на прислушуван материјал на неговиот профил на Фејсбук.

На 17 декември 2020 година, Апелациониот суд – Гостивар донесе решение предметот да биде вратен од почеток, бидејќи, како што пишува, нема доволна основа за изрекување казна затвор. Во решението до кое дојде редакцијата на ТВ21, меѓу другото пишува:

„ЖАЛБАТА на обвинетиот Ш.А. од с.Т.К., изјавена преку бранителот М-р Б.А. од К. СЕ УВАЖУВА.
По жалбата и по службената должност ПРЕСУДАТА на Основниот суд – Кичево К.бр-87/2019 од 12.12.2019 СЕ УКИНУВА и предметот се враќа на првостепениот суд на повторно судење.  ЖАЛБАТА на Основното јавно обвинителство во Кичево Е БЕСПРЕДМЕТНА“, се вели од Апелационен суд – Гостивар.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •