март 8, 2021

Русија даде дозвола за производство на Спутник V во Србија

Русите проценија дека Србија има услови да ја произведува „Спутник V“. 

Соседна Србија ќе биде првата земја во Европа што произведува вакцина. Седум европски држави, вклучувајќи ги Германија, Австрија, Унгарија и други, веќе изразија желба тие „итно“ да започнат со производство вакцини. Делегација од руски експерти, кои утрово пристигнаа во Србија, проценија дека постојат технолошки услови за првата фаза на производство на вакцината „Спутник V“. По состанокот на српската и руската делегација во Палата Србија, министерот за иновации и технолошки развој Ненад Поповиќ изјави дека првата фаза на производство на вакцини вклучува транспорт на супстанцијата неопходна за производство на вакцини, полнење, пакување и дистрибуција. Руските експерти велат дека таа фаза ќе трае меѓу два и три месеци, а „целосниот циклус на производство ќе трае меѓу девет и десет месеци“.

Србија се покажа како многу ажурна за вакцинацијата. Српските граѓани имаат на располагање повеќе вакцини. Најмалку половина милион луѓе веќе примиле вакцина. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •