март 5, 2021

Новковска: Пописот е добро осмислена манипулација

Поранешната директорка на Државниот завод за статистика, Благица Новковска, во „Трилинг“ во ТВ 24 вели дека пописот е добро осмислена манипулација. Како што вели таа, критериуми кои ќе бидат блиски лица нема во методологијата, а, според неа, соседите не можат да даваат приватни информации за лицата што се предмет на попишување.

-За тие дилеми кој може да ги дава податоците за другите, според моите сознанија, не знам каде даваат податоци за членови на семејство, лица кои не се членови на семејствата – праша Новковска.

Таа вели дека Законот и Методологијата имаат многу контрадикторности, посочувајќи дека нема критериум за тоа „кој најдобро ги знае“ лицата кои ќе бидат предмет на попишување.

-Ова е добро осмислена манипулација, ако е дадена можноста да се даде само единствениот матичен број и не е дефинирано никаде на кој начин тоа ќе биде потврдено – вели Новковска.

Според неа, базите на податоци не се квалитетни, не се ажурирани и не се подготвени да бидат предмет на овој процес на попишување.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •