март 7, 2021

Крмов од Левица предупредува за можен фалсификат на пописот и начинот како ќе се попишуваат гастарбајтерите

Пописот се наближува, а веќе има сомнежи како тој ќе биде изведен. Борислав Крмов, пратеникот од  Левица, на Фејсбук ја објасни медотологијата на можното фалсификување на пописот.Тој наведува дека според дефиницијата за „вкупно резидентно население“ алинеа 3 за да бидете попишани како такви потребно е да исполнувате 3 критериуми: Да имате државјанство на РМ, да имате „место на живеење“ и престојот во странство (ако го имате) да ви е помал од 12 месеци. 

„По оваа дефиниција ако само еднаш некој гастарбајтер дошол на гости во државава минатите 12 месеци ќе можат легално да го попишат како присутен и да го бројат“, тврди тој.Крмов објаснува дека категоријата „место на живеење“ е целосна измислица, не е по никаков стандард по Евростат и ООН, во ниеден друг закон за попис нема да ја најдете, само во нашиот. 

„Намерно е неодредена баш за оваа намена. Не се бара работа или имотен лист на пример за да бидете попишани како резиденти, туку се бара „намера“ постојано да живеете во некое населено место. А тоа може и ќе си го толкуваат како сакаат“, пишува Крмов. 

Тој повика на масовно ширење на овие податоци кои тој ги изнесува во неговиот статус за поголема информираност на народот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •