март 8, 2021

Не постои таков детектор на лаги што нема да го прегорите ако ве приклучат на него

Зоран, не постои таков детектор на лаги што нема да го прегорите ако ве приклучат на него.
Толку лажете што на детекторот нозе ќе му никнат за да избега од вас.
Да ве чуе Пинокио како лажете, ќе му падне носот од срам.
А бе кога лажете, дури и самата лага се фаќа за глава и си вика: Ова не сум јас, ова е поголемо од мене.
Побрзо ќе ја видиме Халеевата комета на Табановце отколку вакцини.
Станувате предизвик за секој психијатар чија специјалност е патолошкото лажење кај возрасните
Вие не сте луѓе, туку лагомати.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •