февруари 26, 2021

Мила Царовска оди во изолација

Поради контакт со заразено лице, министерката за образование и наука, Мила Царовска оди во изолација, информираат за МИА од Министерството за образование и наука.

Се одложуваат сите нејзини најавени средби за следниве денови. Откажано е и нејзиното присуство на јавната дебата за државната матура организирана од Клубот на младински прашања и политики, што треба да се одржи утре. На дебатата ќе учествува претставник од Министерството за образование и наука. Поради државната матура изминатиов период имаше бојкот на наставата, а во меѓувреме се очекува да се најде решение. 

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •