март 4, 2021

Заев: Обезбедуваме средства за заштита на Охридското езеро

Со цел зачувување на Охридското Езеро и заштита на водите и езерската флора и фауна, продолжува комплетната реконструкција и целосно заокружување на колекторскиот систем долж целиот брег.

Владата на 44-тата седница ја усвои Информацијата за Проектот за колекторски систем од Радожда до Калишта – Струга, во насока на отстранување на сите ризици по Охридското Езеро и Охридскиот регион, и го задолжи Министерството за животна средина и просторно планирање во соработка со Министерството за финансии да обезбедат средства и да го вклучат овој проект како приоритетен за 2021 – 2022 година.

Охридското Езеро е наша гордост, но и грижа на секој од нас. Затоа следува комплетна санација на колекторскиот систем, за да покажеме дека знаеме и дека се грижиме за нашите скапоцености, и тоа оваа Влада ќе го докаже, напиша Заев на фејсбук,

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •