мај 9, 2021

ЕУ ќе може да донира вакцини за трети земји дури во април или мај: Немаме доволно ни за нас, вели Шарл Мишел

Ситуацијата сега е тешка и дека покрај предвидените една милијарда дози, нема доставено доволно.

Претседателот на Советот на Европската унија, Шарл Мишел изјави дека ЕУ обезбедила една милијарда дози вакцини преку шест договори, но дека во моментов нема доволно од нив, и затоа очекува дури во април или мај да се создадат можности за донирање на партнери од трети земји.

Мишел во онлајн – дебатата со Атлантскиот совет, запрашан дали сиромашните земји ќе ја започнат наскоро вакцинацијата против ковид-19, потсети дека пред неколку недели се одржа видео -конференција на лидерите на Унијата на таа тема, при што е испратен јасен сигнал дека има спремност затоа, но дека ситуацијата сега е тешка и дека покрај предвидените една милијарда дози, нема доставено доволно.

„Работиме со Европската комисија и компаниите за да можеме да ги произведеме потребните количини“,

рече Мишел, додавајќи дека земјите од Западен Балкан, Африка и Источното партнерство се вклучени преку механизмот Ковакс.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •