март 4, 2021

Париз замрзнат: Работниците топеа снег и мраз со пламеници на Ајфеловата кула (ВИДЕО)

Работниците ги топат снегот и мразот што се зафатија на металната конструкција на Ајфеловата кула, а снежната покривка денес го парализира сообраќајот на патиштата и железницата низ северот на Франција.

Регионите на Нормандија и Бретања мораа да затворат голем број патишта поради недостаток на механизација за расчистување на патиштата.

„По ова ледено време, платформите на Ајфеловата кула се замрзнати, така што ние користиме пламеници за топење на снегот и мразот затоа што има корозивно дејство врз металната конструкција“, објави управата на Ајфеловата кула

Делови од Централна и Северна Европа, како и Велика Британија, се погодени од леден бран проследен со обилни снежни врнежи, а сообраќајот е отежнат во Германија, Чешка, Белгија и Холандија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •