март 8, 2021

Отпад од Италија, влегува во Македонија преку Албанија и Бугарија

Веќе неколку години се шпекулира дека во земјава се увезува отпад, и тоа не само за преработка, туку за уништување. Ваквата шпекулација го засенува тврдењето на надлежните дека домаќинствата се најголемите загадувачи, па виновникот го бараат во мафијата со отпад.

Додека институциите се плашат да го разбуричкаат ѓубрето, доброупатен извор за „Фокус“ открива како под превезот на легалното, се увезува забранет отпад. Рутата е следна, ѓубрето излегува од Италија, во Бугарија и Албанија станува суровина, а потоа стасува во Македонија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •