февруари 27, 2021

Еве што утври Државниот здравствен и санитарен инспекторат во Битола

По добиените сознанија дека на одделението по гинекологија и акушерство во ЈЗУ КБ „Трифун Пановски“ во Битола, на ден 01.01.2021година, царски рез на родилка извршило лице кое не е вработено во болницата и е странски државјанин, инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат -ДСЗИ – ПО Битола, извршија вонреден инспекциски надзор. 

По констатираната фактичка состојба врз основа на увидот во евиденциите во областа на здравството, медицинската докуменатција за пациентката, изјави дадени од  директорот на установата како и изјавите од здравствените работници кои биле инволвирани во случајот, но и превземените активности од раководството на болницата, Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе го превземе следните мерки:

  • До министерот за здравство ќе биде доставена информација за констатираната состојба и преземените мерки од ДСЗИ
  •  ДСЗИ ПО Битола ќе издаде решение за забрана за вршење на здравстевена дејност во болницата односно забрана за давање на здравствени услуги на пациенти од страна на странски државјани без лиценца за работа обезбедена согласно Законот за здравствената заштита
  • ДСЗИ ќе достви известување до надлежното Основно јавно обвинителство за случајот, со прилог докуметација обезбедена при надзорот за натамошно постапување

При вонредниот инспекциски надзор, ДСЗИ ПО Битола констараше дека директорот на установата во врска со случајот, преземал законски предвидени мерки, односно поведени се дисциплински постапки против 9 лица вработени на Одделот за гиенкологија и акушерство, а двајца доктори се суспендирани до завршувањето на дисциплинските постапки.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •