март 4, 2021

Братот на убиенот рибар кај Смилковско: На брат ми му ја немаше пола глава, а децата биле горени со цигари

Во последната емисија Во Центар во неделата, беше емитувано интервјуто со Цветан Стевковски, братот на рибарот Борче Стевковски, кој беше една од петте жртви на случајот Монструм или петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Стевковски негира дека мотивот за овој случај е земјиштето околу Смилковско езеро кое наводно било во нивна сопственост. Наводно убиениот брат се противел да се даде земјиштето за да се гради луксузен комплекс. Тоа не е точно вели тој.

Мојот татко и мајка никогаш не кажале дека имаме таму земјиште. Ние таму немаме ништо со Смилковско Езеро. Најблиску имот имаме дури 3 километри подалеку од Смилковско. 

Она што беше напишано на ФБ за нас како семејство и дека сме се спротивставувале на продажба не е точно и не дај боже да дознаат моите родители. Сето тоа е за да се дефокусира јавноста. 

На брат ми не му се гледаше пола од главата. Беше застрелан од близина со три куршуми, вели тој. Кога бев во капела видов дека на телата од децата имаше изгоретини од цигари. На нивните тела некој се изживувал.

Брат му го препознале по тетоважата на раката. Секое судење за нив е нов шок да слушаат како брат му и децата биле убиени.

Врз мојот брат немаше изживување беше со прострелни рани. Тој беше легнат со клучевите од автомобилот во раката значи сакал да бега. Со првите куршуми бил оневозможен да бега а последниот во глава.

Нарачателот не го знаеме , но сакаме да се дознае и мотивот и нарачателот – така многу ќе ни олесни. Другиот брат одеше на разговори кај Зоран Заев, но тој ништо не кажа, почина и сите сознанија не ги кажа.

Во интервјуто се поставува дилемата дали смејството Стевковски има роднини кои имаат една различна буква во презимето односно се Стефковски – и дали доказите кои се најавуваат можеби се за друго семејство. Дали грешката е можеби поради презимето и името на друг Борче Стефковски , а не убиенот Борче Стевковски.

За Случајот Монструм за две недели ќе биде изречена втора пресуда.

Целото интервју можете да го погледате на следниот линк

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •