март 4, 2021

Јакимовски: Јас сум Марадона за градоначалниците на СДСМ

Што е Марадона во фудбалот тоа е Стевче Јакимовски за градоначалниците од СДСМ – вака лидерот на ГРОМ и поранешен градоначалник на Карпош реагираше откако беше прозван од градоначалникот на Центар Саша Богдановиќ дека му оставил долгови на негоиот наследник Стефан Богоев.„Вели дека неговиот колега од Општина Карпош наследил долгови од претходниот градоначалник (тоа сум јас) и затоа владата му дала 4 милиони евра за да не ги решава проблемите од претходникот туку да се посветел на нови проекти. Пази богати! Тие ќе решавале мои проблеми! Кој проблем ќе го решаваат? Секаде сум направил канализации (фекални и атмосферски), никаде не се гази кал. Сите улици асфалтирани. Оставив 10 училишта комплетно реновирани, од десет објекти во градинките осум реконструирани, сите светилки се нови-штедливи“, напиша Јакимовски на фејсбук.Тој додава дека Општина Карпош во 2016-та и 2017-та година остварила приходи од по 11 милиони евра, додека денес приходите се 6 милиони евра.-Значи за три години има помалку инкасирано 15 милиони евра. Ете каде ви е проблемот, во вашето незнаење и неспособност да си ги приберете приходите. Тие ќе решавале мои проблеми? Чии проблеми решава Златко Марин? На пример, Ивица Коневски му остави 4 милиони евра на сметка а колку што слушам во моментов има скоро 7 милиони евра на сметка и не знае како да ги потроши затоа што нема проекти. Затоа ќе ви кажам нешто што треба да го запаметите. Што е Марадона во фудбалот тоа е Стевче Јакимовски за градоначалниците од СДСМ“, рече Јакимовски.

Интегрално написот:

Ми кажаа дека на „Топ Тема“ оној главоња што во моментов е градоначалник на Општина Центар, познат по женачката во Косово ме споменал и тоа во негативна конотација се разбира. Истиот тој веројатно ќе беше неженет да не станеше градоначалник, а кога зборува за парите што ги добиле од владата за расчистување на долговите се фали дека Општина Центар немала долгови. Па немате затоа што ништо не работевте и претходно Владо Тодоровиќ и Коце Трајановски се живо ви направија во Центар за да сега тој може да се шета по српските манастири. Во исто време вели дека неговиот колега од Општина Карпош наследил долгови од претходниот градоначалник (тоа сум јас) и затоа владата му дала 4 милиони евра за да не ги решава проблемите од претходникот туку да се посветел на нови проекти.
Пази богати! Тие ќе решавале мои проблеми!
Кој проблем ќе го решаваат?
Секаде сум направил канализации (фекални и атмосферски), никаде не се гази кал-сите улици асфалтирани. Оставив 10 училишта комплетно реновирани, од десет објекти во градинките осум реконструирани, сите светилки се нови-штедливи.
Ха ха ха решавал мои проблеми! А да си ги решеше своите?
Му останаа две градинки не реконструирани што не ги реши? Колку пати ја најавуваше реконструкцијата на спортската сала Партизан 4? Ветуваше два базени, студентски домови, паркови по Илинденска и што ли уште не.

А бе дечиња мали послушајте што ќе ви каже Чичо:
Не се проблем долговите туку приходите. Моите приходи во 2016-та и 2017-та беа по 11 милиони евра. Приходите на Стефан Богоев денес во Карпош се 6 милиони евра . Значи за три години има помалку инкасирано 15 милиони евра. Ете каде ви е проблемот, во вашето незнаење и неспособност да си ги приберете приходите.

Тие ќе решавале мои проблеми?
Чии проблеми решава Златко Марин? На пример, Ивица Коневски му остави 4 милиони евра на сметка а колку што слушам во моментов има скоро 7 милиони евра на сметка и не знае како да ги потроши затоа што нема проекти.
Значи и со пари и без пари вие градоначалниците од СДСМ сте Ќутуци!

Затоа ќе ви кажам нешто што треба да го запаметите: „Што е Марадона во фудбалот тоа е Стевче Јакимовски за градоначалниците од СДСМ“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •