март 3, 2021

Путин: Ние сме единствена држава која веќе има три домашни вакцини

Без сомнеж, тоа е најголем успех во сферата на науката, изјавил  Путин.

Русија е лидер во светот во правење вакцини против коронавирус, изјави рускиот претседател Владимир Путин на седницата на Советот за науки и образование.

-Благодарение на нашите научници, Русија е лидер во светот по правење вакцини против коронавирусот. Не рекол ништо неочекувано ниту ново, изјавил Путин.

Тој нагласил дека Русија е единствена држава која веќе има три вакцини, од домашно производство.

-Без сомнеж, тоа е најголем успех во сферата на науката, додал Путин, пренесе „ТАСС“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •