март 3, 2021

Николина Пишек и ќерка ѝ најдени без свест на подот во станот, итно пренесени во болица

Хрватската водителка Николина Пишек (44) и нејзината ќерка Уна (6) се отруле со јаглерод моноксид во станот во Загреб, поради што завршиле во болница, пренесува српски „Блиц“.

Во зградата во Загреб, каде што живее Николина со нејзиниот сопруг, историчарот на уметност Видоје Ристовиќ, според медиумите, пукнала цевката за гас што обезбедува греење на целата зграда, а Николина и Уна се отруле со јаглерод моноксид.

– Сè се случи ноќта помеѓу саботата и неделата. Николина разговараше во 20 часот со Видоје, кој мораше да замине за Белград поради работа, а потоа му рече дека дошла од градот со нивната ќерка Уна и дека ќе гледаат филм и ќе одмараат. Потоа, околу еден часот по полноќ Николина му се јавила на Видоје и му рекла дека Уна повраќа и има силна главоболка. Потоа му рекла дека и таа не се чувствува добро. Видоје ги советувал да одат кај доктор веднаш, на што Николина се согласила – открива изворот близок до водителката и додава:

„Кога нејзиниот сопруг ѝ се јави неколку минути подоцна, Николина не одговори. Видоје веднаш повика неколку пријатели да одат кај нив и да проверат што се случува со Уна и Николина. Сепак, кога пријателите пристигнале, тие само слушнале како лаеле кучињата, но никој не ја отворил вратата. Одлучиле да ја скршат вратата и ја виделе Николина, која била во бесознание на подот, додека нејзината ќерка лежела во кревет, исто така, во несвест. ѐКога пристигнала Брзата помош, сфатиле дека цевката што пукнала поради градежните работи предизвикала труење со гас. Со амбулантно возило се пренесени во болница. Пожарникарите измерија седум пати поголема доза на гас од дозволената.“

Николина Пишек во меѓувреме излезе од болница, и објави фотографија од хотелска соба каде што привремено престојуваат со ќерка ѝ.

„Привремен дом. Сè ќе биде во ред. Мора“, напиша Пишек.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •