февруари 27, 2021

Неверојатни приказни од фејсбук: Жена од Неготино креирала 60 лажни профили на свои сограѓани, откриена со помош на една од жртвите

Јас во мојот живот никогаш не сум користела социјални мрежи, немам профил ниту на една платформа. Едноставно, така функционирам и немам потреба од отворање на социјален профил, и тоа го знаат сите кои ме познаваат. Вечерта на 29-ти јануари, започна да ми ѕвони телефонот, и со тоа започна мојата и голготата на моето семејство. Се јавуваа мои роднини, познаници, колеги, прашувајќи ме што се случува и како можат да ми помогнат – вака за ,,Фокус” ја започнува својата приказна Надица Фундуки, мајка и сопруга, познат адвокат од Неготино, која околу две децении работи во самостојна адвокатска канцеларија лоцирана на Градскиот пазар во Неготино.

Појаснува дека она кое го слушнала од загрижените блиски луѓе кои и се јавувале, ја оставило без зборови и во шок. Ја информирале дека на социјалните мрежи е активен нејзин профил, а објавите од истиот ги оставиле во неверување.

-Објавеното во мое име беше запрепастувачки. Наводно, сум го изгубила телефонот во кој сум имала интимни фотографии и истите завршиле во Јавна соба. Па, поради тоа моите странки прекинале соработка со мене, професијата ми била загорзена, дека ми треба финансиска помош… Објавата се споделуваше во женски групи на Фејсбук со огромен број на корисници, наводната вест за адвокатка која поради фотографии во Јавна соба останала без работа се објави со бомбастични наслови и во одредени електронски медиуми. Лагите за мојот приватен и професионален живот се проширија со неверојатна брзина, а телефонот не престана да ми ѕвони. Без двоумење пријавив во полиција – раскажува адвокатката.

Додава дека во пресрет и излегле млади полициски криминалисти од Полициска станица неготино, и заедно со неа во рок од пет дена го откриле идентитетот на лицето кое го креирало лажниот профил. Се работело за женска личност од Неготино, на возраст од 27 години, со која адвокатката се сретнала на претходно судење.

– Со годините низ професијата се запознав со секаков народ низ призма на странки и спротивни странки, сведоци низ предмети, луѓе на високи позиции и обични граѓани и никогаш досега без разлика на судските разрешници се немам замерено со никого, секогаш со почит кон донесената судска одлука. По само еден завршен кривичен предмет, по добиена судска одлука, незадоволна спротивна странка во предметот, а со цел да ми се одмазди за ваквата судска разрешница, на ден 29.01.2021 година во периодот од 17-19 часот од надвор ми ја фотографира канцеларијата, па доведена во заблуда поради адвокатската табла која се уште ми е под старите генералии Надица Мантева, а поодамна променети низ судскиот акмис-програма, креирала лажен Фејсбук профил со додадени две презимиња Надица Мантева Фундуки, па следеа лажните објави во мое име – ги појаснува таа деталите.

Вели дека се запрепастила кога дознала дека таа не е единствената жртва на жената, туку истата на над 60 граѓани од Неготино има креирала лажни профили во текот на изминатите години, но за жал, и покрај тоа што многу од нив пријавиле во полиција, надлежните не можеле да го откријат сторителот, кој има направил пекол од животите на жртвите, но и на нивните семејства.

-Таа креирала група под www.facebook.com marija.tiмkova.5 преку која ги креирала и споделувала лажните ФБ профили, па на ден 01.02.2021 година ги променува со мои податоци www.facebook.com Nadica Manteva Funduki и на поголемото население на кое му е вршено психичка тортура и на кое му била загрозувана сигурноста преку закани по нивниот живот и тело и животот и телото на нивни блиски луѓе. Се објавуваа дури и монтирани надгробни плочи правени со фотошоп фотографии од најблиски членови на нивните потесни семејства, помеѓу кои и на малолетни деца, а на сите до тогаш малтретирани граѓани и сограѓани од Неготино и пошироката Тиквешија им се отчитаа со моите лични податоци кои беа злоупотребени. Им изразувам преголема благодарност на младите полициски криминалисти-инспектори од МВР на РСМ-Полициска станица од општа надлежност Неготино кои заедно со мене беа упорни,истрајни и толерантни па по пројавувањето на основаното сомнение дека наспрема мене е извршено кривично дело Злоупотреба на лични податоци за само пет дена го открија ,,манијакот” кој повеќе години демнеел врз животот и телото на многу Неготинчани на кои има ја загрозувал сигурноста преку креирање на лажни ФБ профили и заканувајќи им се преку истите дека ќе се нападне врз нивниот живот и тело креирајќи им надгробни плочи со нивни и фотографи од нивни најблиски. Претходно искористувала нивни фотографии од нивните вистински Фејсбук профили и нешто познати лични прилики во мало место, креирајќи фалсификувани документи и нивна јавна објава, а се со цел да им се наштети на нивниот углед. Некои случаи дури и завршија и со бракоразводни парници во неможноста да се докажат во наводни брачни неверства, да им се наруши дотогашниот мир и спокојство како дома во семејството, така и на работните места, наметнувајќи им страв за сопствениот живот и животот на нивните најблиски. 

Целиот текст на fokus.mk

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •