март 2, 2021

22 ПОЧИНАТИ ОД КОВИД-19, ОД КОИ ДВЕ ЛИЦА НА 27 И 32 ГОДИНИ, УШТЕ 75 ПОЗИТИВНИ ОД 726 ТЕСТОВИ

19 починале во болнички услови.

Дваесет и двајца пациенти, од кои двајца на 27 и 32 години, починаа по компликации од ковид-19 во изминатото деноноќие, а од 726 тестирања регистрирани се 75 нови случаи на ковид-19, соопшти Министерството за здравство. Починати се 10 пациенти од Скопје (71,64,79,84,32,73,81,67 и два случаи по 65), по два смртни случаи се регистрирани од Тетово (68 и 70) и од Прилеп (66 и 85) и по еден смртен случај од Радовиш (85), Кавадарци (63), Гостивар (82), Демир Капија (27), Струмица (65), Охрид (68), Струга (71) и Куманово (65). Деветнаесет пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.

Новозаболените се од : Скопје – 45, Кавадарци – 11, Прилеп – 8, Струга – 3, Неготино, Тетово и Велес по 2, Куманово и Кочани по 1.

Регистрирани се 1.440 оздравени пациенти од: Скопје – 798, Кавадарци – 76, Струмица – 71, Тетово – 67, Куманово – 56, Гостивар – 47, Велес -34, Прилеп -32, Неготино – 27, Битола – 26, Делчево – 25, Охрид и Гевгелија по 22, Кичево и Ресен по 18, Кочани – 15, Штип – 14, Струга -12, Свети Николе -10, Богданци и Македонска Каменица по 9, Дебар и Радовиш по 6, Берово -5, Демир Капија -4, Крива Паланка , Виница ,Валандово и Дојран по 2, Демир Хисар, Македонски Брод и Крушево по 1.

Направените 726 теста се преку: ИЈЗ-87, ЦЈЗ Скопје-46, Авицена-0, Биотек-77, Жан Митрев (Филип Втори)-128, Систина-182, лабораторија Лаор–0, МАНУ-53, Судска медицина-1, ЦЈЗ Битола-0, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, ГАК-0, Синлаб-0, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 151, УК Пулмологија со алергологија–0, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 471.417 тестирања на ковид-19.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •