мај 15, 2021

Филипче: Ефикасноста на кинеските вакцини е од 60 до 90%

Министерот за здравство Венко Филипче откако го потпиша договорот за набавка на 200.000 вакцини против ковид-19 од Кина, вели дека се договараат деталите во врска со нејзиниот транспорт. Засега е познато дека вакцините ќе пристигнат авионски, но повеќе детали не се познати.

Тој верува дека со кинеската вакцина може да се постигне одреден степен на колективен имунитет.

-За сите вакцини има различни публикации. Ефикасноста на кинеските вакцини оди од 60 до близу 90 проценти, но мислам дека е сосема доволно за да се постигне саканиот ефект, а тоа е да има одреден степен на колективен имунитет. Тоа што е многу важно е количината со која целосно се покриваат две многу значајни категории – прво здравствените работници, буквално сите, и не само здравствените работници туку и сите нездравствени работници кои работат во здравствениот систем и второ, најризичната категорија на возрасни граѓани со хронични болести, изјави Филипче.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •