февруари 26, 2021

Трајанов: Наместо зло, криминалот стана вредносна категорија

Пратеникот и претседател на Демократски сојуз Павле Трајанов на Сител изјави дека Македонија е високо криминализирана држава.

– Криминалот стана вредносна категорија, а не зло со кое мора да се справиме. Криминалот разорно дејствува врз целокупниот систем на државата и мора да се менуваат работите. Мора системски промени, мора да имаме заокружен и ефикасен систем. Значи, долго време како партија и јас како претседател на таа партија се ангажираме за проектот декриминализација. Војна против криминалот  – рече Трајанов.

Тој предлага да се донесе Закон за борба против корупцијата и организираниот криминал и формирање на Агенција што ќе ги координира сите активности во борбата против криминалот.

Извор: Тв Сител

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •