мај 16, 2021

Табела за ефективноста на најпознатите вакцини

Вакцина

МОНИКА ГАНДИ, инфектолог од Универзитетот во Калифорнија, Сан Франциско, објави многу интересна табела на својот Твитер профил.

Што покажува табелата? Преглед на резултатите од клиничките испитувања на шест најпознати вакцини за ковид-19. Тоа се вакцините Модерна, Фајзер, АстраЗенека, Џонсон & Џонсон, НоваВакс и руската вакцина Спутник V. Сите вакцини се исклучително ефикасни во заштитата од хоспитализација или смрт.

Табелата го прикажува механизмот на дејство на секоја вакцина, дозата, бројот на лица тестирани за време на клиничките испитувања, ефективноста на заштитата од хоспитализација и смрт, ефективноста на заштитата од тешка болест (не бара хоспитализација), ефективноста против лесни форми на болест. Најважна во табелата е колоната број 6 (обележана со жолто), истакнува д-р Ганди. Имено, според клиничките испитувања, сите шест вакцини обезбедуваат 100% заштита од хоспитализација или смрт.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •