мај 16, 2021

Прв судир на врзаните потписи: Како ќе се попишуваат иселениците? (видео)

Останува неизвесно дали роднини ќе можат да ја кажат етничката и верската припадност на иселениците. Откако претходно директорот Симовски и неговиот заменик Селами излегоа со целосно спротивни ставови, од државна статистика велат дека во следните денови институцијата ќе излезе со официјално појаснување.

Симовски на прес конференцијата во петокот тврдеше дека оние кои нема да бидат присутни за време на пописот, нивните роднини нема да можат да ја кажат нивната етничка и верска припадност. По реакциите во јавноста неговиот заменик вчера во изјава за ТВ 21 излезе со целосно спротивно тврдење.

ВМРО-ДПМНЕ пак денеска до спикерот Џафери ги достави 100-те потписи за стартување на граѓанската иницијатива за поништување на Законот за попис.

Опозицијата очекува овој процес формално да почне на почетокот на март.

„Очекуваме дека ќе добиеме огромна поддршка од граѓаните и дека следниот период ќе ја разбудиме власта дека на ваков начин со сила и на легитимен начин без консултации на пошироката јавноста и на политичките партии не може да се носат важни и суштински закони“, изјави генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и натаму апелира пописот да се спроведува следната пролет по примерот на повеќе европски земји. Премиерот Заев ваквото барањето повеќепати досега го одби, но ја остави отворена можноста, пописот да се одложи за еден до два месеци.

Извор: Тв Сител

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •