мај 15, 2021

Д-р Пановски: Прво треба да се попишат оние кои прележале ковид-19, а пописот да се одвива на тераса или во двор

Микробиологот Никола Пановски смета дека попишувачите да го попишуваат населението во дворовите или на терасите. Тој предлага први за непосредниот дел од пописот да бидат оние стотина илјади кои веќе прележаа коронавирусот.

„Некаде од 15 мај, ќе може да се прими попишувачот на тераса или двор. Или со отворен прозорец, доколку нема тераса. До попишувачот ќе може да се седи со заштитна маска во најголемата просторија во домот. Прво да се оди кај овие 100.000 што прележале Ковид-19, за да се искористи рокот да се вакцинираат во меѓувреме другите. Иако и сега е безбедно, може тогаш да биде побезбедно, иако тешко дека ќе го убедите народот дека е безбедно, вели Пановски дава симулација за тоа како би изгледал пописот.

Државниот завод за попис чека конкретни насоки од здравствените власти за протоколите и мерките за реализирање на пописот, д-р Никола Пановски вели дека теренскиот дел од операцијата може да се одложи за еден до два месеци.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •