мај 15, 2021

Во битолската болница царски рез извршил невработен гинеколог

Скандал го тресе одделението за гинекологија во Битолската болница, објави „Независен“. Оттаму појаснуваат дека суспендирани се двајца лекари – гинеколози, откако еден од нив си ја повикал сопругата која е невработен гинеколог, странски државјанин да учествува во породување жена со царски рез.

Извори од одделението за Гинекологија за „Независен“ откриваат дека скандалот се случил на почетокот на јануари, кога помладиот од гинеколозите ја внел сопругата во родилната сала. Двајцата вработени гинеколози биле во салата, но наводно работата ја препуштиле на сопругата на помладиот гинеколог.

Породувањето завршило успешно, но сепак по ова еден од вработените во Гинекологија се јавил во полицијата и го пријавил случајот.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •