февруари 28, 2021

Ангелов: Има учени луѓе во опозицијата, знаат дека ќе беше полошо ако беа на власт

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, посочи дека земјава успешно се соочува со предизвиците од ковид 19.

-Како Влада немаме причина да ги криеме бројките во однос на заразените од ковид 19. Политиките на Владата, се по основ на алгоритмите на СЗО, што се покажаа како успешни. Исто така, сметам дека има учени луѓе во опозицијата, поконкретно во ВМРО ДПМНЕ, кои и самите знаат дека доколку и тие би биле на власт, состојбата би била иста, ако ме прашувате мене, можеби и полоша – рече Ангелов на ТВ 21.

Што се однесува до вакцините, додава тој, пред нецели 40 дена почна вакцинирањето во ЕУ, што значи дека, според него, не доцниме многу.

-Планот е составен и јасно е како ќе бидат поделените групите во однос на имунизацијата. Тешко е за држава како Република Македонија, да обезбеди преку директни договори да набави вакцини. Ќе бевме среќни да не доцниме, но тоа е невозможно – истакна Ангелов.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •