март 4, 2021

Прванов: Во моментов Македонија и Бугарија се најголеми непријатели на Балканот

Претседателот на Република Бугарија во два последователни мандати – Георги Прванов во гостување на БНТ ги коментираше односите со Република Македонија.

„Работите изгледаа одлично во 2017 година кога беше потпишан договорот Софија-Скопје. Но, нашиот договор беше многу поразличен од грчкиот. Грците успеаја – нивната цел беше да докажат дека немаат заедничка историја со Македонците, а нашата е спротивна“, рече Парванов.

„Постои еден дел во Договорот што требаше да се дешифрира и кој го решава проблемот – „заедничката историја“, смета тој.

„Мојата теза е дека треба да има краток анекс на Договорот, каде што треба да се напише дека во заедничката историја од антиката до првите децении на 20 век, населението на денешна Република Македонија има бугарски самосвест, и дека целите на револуционерната организација ВМРО се бугарски национални цели. Сега Македонците имаат поинаква самосвест – ние мора да ја препознаеме оваа разлика“,посочува Прванов.

Тврдењето на Заев и Борисов дека сме најблиски народи на Балканот пропадна со страшна сила и во моментов сме најнепријателски народи на Балканот, рече Парванов.

Според него, „направивме грешка што го однесиваме проблемот во ЕУ, откако беше јасно дека никој нема да се справи таму“.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •