јуни 22, 2021

За 3 недели 36.000 членови на СДСМ го ажурирале членството

За три недели околу 36.000 членови на СДСМ направиле ажурирање на своите податоци го потврдиле членството во СДСМ, соопштија од владејачката партија, посочувајќи дека овој процес продолжува до 25 февруари.

„Истовремено, голема е заинтересираноста на нови членови, на многу млади кои секојдневно се приклучуваат кон СДСМ, кон најсилната, најмодерната и најдинамичната партија. Граѓаните препознаваат дека само со СДСМ може да продолжи напредокот, интеграцијата, да се обезбеди правда и развојот на нашата држава“, велат од партијата.

Од таму додаваат дека партијата е, како што велат, креатор и гарант на концептот „Едно општество за сите“ и затоа пристапуваат и Македонци и Албанци, но и Турци, Срби, Роми и Бошњаци.

„СДСМ е единствената партија која има организирано политичко делување во сите општини низ државата. Во секоја општина направивме општинска организација. СДСМ продолжува да работи уште поодговорно, посветено за интересите на граѓаните и државата“, порачаа од партијата на Зоран Заев.

Овој процес се одвива во пресрет на Конгресот на кој за првпат цело членство ќе гласа за партиски лидер.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •