мај 16, 2021

Во Италија на големо се бркаат врски за вакцинирање преку ред

Италијанската полиција во градот Бијела во регионот Пиемонт, запленила список на лица кои треба да бидат повторно вакцинирани преку ред со злоупотреба на лични контакти и позиција.

Бидејќи нема евиденција за ваквиот феномен, се верува дека бројот на прекуредно вакцинирани низ Италија се движи од неколку стотици до неколку стотици илјади.

Психијатарот Паоло Крепт во изјава за телевизијата Ла7 вели дека дури 400 000 луѓе кои не биле во приоритетните групи веќе биле вакцинирани.

Приоритет во националниот план за имунизација на Италија имаат луѓето постари од 80 години, медицинскиот персонал, припадниците на полицијата и армијата.

Во оваа земја досега се вакцинирани два и пол милиони луѓе, од кои еден милион се здравствени работници.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •