март 3, 2021

Шефот на ОБСЕ во Скопје бара да се спроведе пописот

Клеменс Која, шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, во интервју за МИА вели дека пописот е многу важна статистичка операција за Македонија по речиси 20 години без негово одржување.

-Охрабрувачки е тоа што некои од опозициските партии го поддржаа усвојувањето на Законот за попис, дури иако не постоеше целосен консензус. По речиси 20 години, важно е земјата да спроведе попис, бидејќи тоа ќе им овозможи на владините институции да развиваат и спроведуваат политики за доброто на граѓаните врз основа на ажурирани податоци. Според мое гледање законот бил подготвен според најдобрите практики и стандарди од различни институции со надлежност во оваа област, како што се Економската комисија за Европа на ООН и Евростат, одговара Која.

Тој вели дека многу земји-членки на ОБСЕ планираат попис оваа година, а клучно ќе биде во услови на пандемија да се осигура безбедноста и здравјето на сите инволирани во спровевдувањето на пописот.

– Пописот не е прашање кое е во мандатот на ОБСЕ, а земјите учеснички во ОБСЕ користат различни модели. Многу земји учеснички планираат да спроведат попис оваа година. Статистичката операција оваа година ќе биде предизвик особено со оглед на пандемијата на Ковид-19. Важно е за Владата да воспостави јасни протоколи за да се осигура безбедноста и здравјето на попишувачите на теренот и на домаќинствата кои ќе бидат анкетирани. Искуството од предвремените парламентарни избори во јули 2020 година ми влева доверба дека ќе бидат испочитувани утврдените протоколи, додава шефот на Мисијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •