март 3, 2021

ФЕНОМЕН ПО ЗЕМЈОТРЕСИТЕ: Во Хрватска се појави дупка со дијаметар од 30 метри

Дупките што се појавија по земјотресот во Хрватска се сѐ поголеми и „ова е невиден феномен“. 

Новиот земјотрес со јачина од 3 степени кој се случи вчера, дополнително активира многу свлечишта во Банија, а дупките што се создадоа во земјата стануваат сè поголеми. Сеизмологот Крешимир Кук за ХРТ изјави дека појавата на овие дупки досега не им била позната на сеизмолозите.

„Нема пишани траги, дури ни усни сознанија на нашите постари сеизмолози. Ова е нешто ново за нас“, потенцира Кук.

Тој вели дека земјотресите во Банија сè уште не престанале, но и дека сеизмичката активност е послаба. Професорот Бруно Томљeновиќ од Загрепскиот факултет за рударство, геологија и нафтено инженерство вели дека  најголемата дупка во Банија има дијаметар од 30 метри, а се отворила на 6 јануари и во тој момент нејзиниот дијаметар бил десет метри, објави порталот „Индекс“. Томљеновиќ рече дека дупките се создаваат моментно и дека се крајно опасни поради тоа. Томљеновиќ рече дека такви феномени имало и претходно во областа Меченчани во времето пред земјотресот. 

Земјотрес со јачина од 3,8 степени денеска повторно ја стресе областа Петриња, а хрватските медиуми јавуваат дека многу жители на тоа место излегле на улиците од страв.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •