март 6, 2021

Преку веб страница ќе се пријавуваме за вакцина (видео)

Министерството за здравство подготвува веб страница преку која граѓаните ќе може да се пријават за да бидат вакцинирани против коронавирус.

Од Здравство потврдуваат дека во тек е изработка на веб страница на која ќе може да се пријавуваат граѓаните за имунизација.

Први вакцини кои се очекува да пристигнат во земјава ќе бидат кинеските, додека пак први кои ќе ја примат вакцината ќе бидат лицата кои спаѓаат во ризичните категории определени преку системот на Мој термин.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •