мај 16, 2021

Николовски: Мнозинството е стабилно, ВМРО заглави во криминалот

Парламентарното мнозинство е стабилно, порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, откако вчера опозицискиот лидер Христијан Мицковски побара предвремени парламентарни избори заедно со локалните. 

-ВМРО ДПМНЕ пред се треба да се реорганизира, трансформира, модернизира, за да има позитивен пристап кај граѓаните, за да има коалициски капацитети и за да граѓаните препознаат нешто во нив. Засега ниту нудат луѓе, ниту нудат програма, ниту нудат проекти и се партија заглавени во криминалот, во обвиненијата и сакат да ја кочат земјата. Граѓаните јасно ја пратија порака – вели Николовски.

Тој додаде дека СДСМ ја направила најголемата коалиција, во која, како што рече, има Срби, Роми, Бошњаци, Албанци, Македонци.

-Граѓаните еве и во овој процес даваат апсолутна поддршка на СДСМ и додека ние сме отворени, транспарентни, додека ние чекориме многу напред, ВМРО ДПМНЕ остана заглавена во криминалот, криминалните структури, командувана од Будимпешта, без програма, без идеја, без проекти, без луѓе – вели Николовски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •