мај 16, 2021

Мицкоски: Само десетина илјади граѓани треба теренски да се попишат, сè друго може да се попише електронски

Методологијата за пописот ќе донесе непотребно до двојна операција, изјави денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Пет проценти се оние граѓани кои треба да се посетат теренски и да се посетат лично. Тоа се десетина илјади граѓани, што значи нема потреба од 30.000-35-000 попишувачи, туку доволно ќе бидат 300-400 попишувачи – рече Мицкоски.

Тој предлага да се користат само електронските бази на податоци со кои располагаат институциите, а на терен да се посетат само оние за кои постои сомнеж во податоците.

-Прво велат дека постојат бази на податоци коишто ги содржат параметрите коишто се потребни да дадат одговор на прашањето кое е резидентно население, а кое е населението кое изминативе година дена го одјавило своето живеалиште во Македонија, за потоа во вториот дел да велат „попишувачите на терен ќе ја констатираат таа состојба – вели Мицкоски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •