март 3, 2021

За Села и Гаши методологијата за попис е анти-албанска мисија

Коалицијата Алијанса-Алтернатива на Зијадин Села и Африм Гаши методологијата за попис е, како што велат, анти-албанска мисија. Преку соопштение од оваа коалиција, тие порачуваат дека со обелоденувањето на методологијата, членовите на семејството нема да имаат право да потврдуваат етничка и верска припадност на нивните роднини кои се во странство.

Коалицијата Алијанса-Алтернатива смета дека со оваа методологија продолжува геноцидот врз Албанците од страна на Државниот завод за статистика, но овојпат, како што е наведено во соопштението, со директна поддршка од владејачката албанска партија ДУИ.

Опозициската коалиција се спротивставува на методологијата и повикува на итна интервенција за нејзино подобрување.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •