мај 16, 2021

Бугарија со најмала минимална плата во ЕУ, пет земји даваат пристоен минималец

Минималната месечна заработувачка во земјите од Европската унија се движи од 332 евра во Бугарија до 2.202 евра во Луксембург, наведува Европската агенција за статистика (Евростат).

Според податоците на Евростат, во јануари 2021 година минималната заработка во десет членки на ЕУ била под 700 евра, секаде во земјите од средна и источна Европа.

По Бугарија (332), најнизок минималец бележат Унгарија (442), Романија (458), Летонија (500), Хрватска (563), Чешка (579), Естонија (584), Полска (614), Словачка (623) и Литванија (642).

Во пет земји, кои главно се наоѓаат на југот на ЕУ, минималната заработувачка се движи од 700 до 1.100 евра, почнувајќи од Грција (758), Португалија (776), Малта (785), Словенија (1.024) до Шпанија (1.108).

Најголем минималец во Европа примаат граѓаните од земјите во западниот и северниот дел на Унијата: Франција (1.555 евра), Германија (1.614), Белгија (1.626), Холандија (1.724) и Луксембург (2.202).

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •