мај 14, 2021

БАЛКАНОТ Е ЖИВА КАЛ

Имаш некој познат во суд? Познаваш некој во ЕВН да ми заврши побрзо работа? Колку бара професорот на факс за 6? Дај препорачај ме, не е важна цена. Колку провизија имам од субвенција ако ти средам?


Ова е духот на оваа провинција, преполна со луѓе без морал, кои не разликуваат корупција, т.е поим немат што е тоа. Научиле со врски и пари, уцена и рекет, со фамилијарни релации и партиски врски да се вработуваат, да се казнуваат, да не почитуваат основи човекови права. Затоа толерираат исклучена вода, струја, виртуелен долг до небо, кукаат, ама не за правда, кукаат за врски и ги колнат тие кои имаат криминална моќ, затоа што им завидуваат. НЕ ПОРАДИ ПРАВДА, ТУКУ ПОРАДИ ЗАВИСТ. Секогаш кога повикувам на првада, тие бараат врски. НЕМА ДА НЕ БИДЕ НИ ЗА 300 ГОДИНИ. БАЛКАНОТ Е ЖИВА КАЛ.

Автор: Ана Глигорова

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •