март 9, 2021

Шекеринска: Опозицијата треба да ја крстиме „ВМРО подоцна“

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска во вечерашното гостување на телевизија Телма коментирајќи го барањето на ВМРО-ДПМНЕ за одложување на пописот, рече дека опозицијата постојано бара одложување на сите процеси.

-Ако ја анализираме опозицијата во последната година, треба да ги крстиме ВМРО подоцна. За секоја иницијатива, нивниот став беше да, ама подогцна. И минатата година Мицкоски бараше избори, па кога тргнавме да ги распишуваме, бараа подоцна. И во Штип бараа изборите да бидат подоцна. Кога ќе речете ајде да донесеме закон кој е важен за целата државата, тие велат ајде подоцна. Ние како Влада покажавме голема флексибилност. Опозицијата само купува време за да се прават проблеми. Тоа е така бидејќи секогаш кога ВМРО-ДПМНЕ гледа дека нешто добро се случува за државата, тие се чувствуваат како да губат, вели Шекеринска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •