март 6, 2021

Софија му се налути и на Белград, српскиот амбасадор повикан на разговор

Српскиот амбасадот во Бугарија бил повикан на разговор во бугарското МНР поради „антибугарското и на моменти расистичко однесување“ на српскиот професор на универзитетот во Белград, Драган Симеуновиќ, кој е в.д. Директор на Националната агенција за безбедност.

„На 5 мај 2021 година, амбасадорот на Србија во Бугарија, Жељко Јовиќ беше повикан на итен состанок во Министерството за надворешни работи со директорот на Дирекцијата за Југоисточна Европа, Дејан Катрачев. Повод за средбата беа изјавите на Драган Симеуновиќ, професор на Факултетот за политички науки на Државниот универзитет во Белград и в.д. директор на владината Академија за национална безбедност. Бугарската страна оцени дека неговите изјави се јасна манифестација на јазик што влева трајна омраза кон Бугарија и Бугарите. Беше истакнато дека ваквите јавни изјави се целосно неприфатливи и се спротивни на добрососедските односи и пријателството меѓу двата народа. Бугарската страна очекува соодветна реакција од српските власти и институции “, соопштило Министерството за надворешни работи за БГНЕС.

БГНЕС пренесува дека во ТВ-емисијата „Српски свет“ Симеуновиќ повеќепати ги нарекувал Бугарите „зверови што убиваат сè пред себе“. Во интервјуто тој исто така вели:

„Бугарите се познати по своите злосторства, кои ги правеа каде и да стапнат на земја. Германците само убиваа, додека Бугарите и нивната војска се потсмеваа на жртвите. Тие имале и тим за силување. Вообичаена практика била да се прободуваат деца со бајонети од пушки и да се силуваат жени пред нивните роднини.Бугарите вадеа  бебиња од утроби на бремени жени и потоа ги гореа живи. Да не ја заборавиме бугаризацијата исто така. Тие убиваа свештеници и наставници во Србија, а потоа воведуваа бугарско образование во училиштата“.

Според него, Бугарија продолжува да бара територии во Србија во близина на градот Крушевац и ја обвинува Србија за геноцид врз Бугарите во средниот век. Во ТВ емисијата Симеуновиќ неколку пати го употребил терминот „примитивни“  за соседите на Србија. Во разговорот, тој го нарекува „голем српски херој“ Коста Печанац, кој убил десетици бугарски цивили во Босилеград.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •