мај 19, 2021

Симовски: Граѓаните сериозно да го сфатат пописот

Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денеска на прес конференција ја престави Методологијата за подготовка, организација и спроведување на пописот во април.

Тој рече дека покрај базата на МВР, во која се регистрира влез и излез од државата, ќе се користи и базата од Министерството за здравство, но и други бази на податоци.

„Можеме сѐ да провериме така што апелирам, но и потенцирам дека сѐ ќе се проверува, никој да не се обидува да дава погрешни податоци бидејќи сѐ е проверливо и докажливо. Апелираме сите граѓани да ја сфатат оваа операција многу сериозно бидејќи е во интерес на сите граѓани“, рече Симовски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •