мај 15, 2021

Одреден притвор за креаторот и администраторот на „Јавна соба“

Основниот кривичен суд Скопје, во однос на соопштението на ЈО – „Се бара притвор за креаторот и администраторот на Јавна соба “, како и интересот на медиумите, ја информира јавноста дека денеска пред судија на претходна постапка при овој суд, беа спроведени две лица осомничени за кривичното дело Производство и дистрибуција на детска порнографија по член 193- ст.3 в.в со ст.1 од Кривичниот законик.

По произнесување на јавниот обвинител и осомничените лица, во присуство на нивен бранител, како и ценење на фактите и доказите приложени во предлогот за определување мерка притвор и висината на предвидената казна за конкретното кривично дело, судија на претходна постапка го прифати предлогот и донесе решенија со кои на:

Д.К. и М.П. им определи мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на сите основи од член 165 ст.1 т.1,2 и 3 од ЗКП односно опасност од бегство, основан страв дека ќе ја попречи истрагата со влијание на сведоците и ќе го повтори или доврши кривичното дело.

Против овие решенија странките имаат право на жалба до Кривичниот совет.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •