мај 15, 2021

Николовски по средбата со Тасева: Заедно ќе го правиме Акцискиот план против корупција

Вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски се сретнал со Слаѓана Тасева, претседателката на Транспаренси интернешнл Македонија, откако беше објавен најновиот индекс, според кој Македонија падна на историски најлошото 111 место во светот.

Вицепремиерот на состанокот со Тасева разговарале за последниот извештај за „Индексот на утврдување на перцепцијата за корупција за 2020 година”.и биле договорени понатамошни заеднички активности, меѓу кои во следниот период и одготовка на анализа на релевантните извештаи.

Николовски во своето синоќешно гостување во емисијата „24 Анализа“ рече дека заедно со организацијата ќе се работи на нотирање клучни области во кои е потребно да се делува во престојниот период.

„Сите ни требаат тука и ги прифаќаме забелешките и ќе излеземе со конкретен акциски план. Заедно со Транспаренси Интернешнл Македонија ќе го правиме акцискиот план и постои голема политичка волја кај сите против овој голем проблем што го демне нашето општество“, рече Николовски.

Тој порача дека во моментов интензивно се работи на реформите и реорганизацијата во делот за борбата против корупцијата.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •