февруари 27, 2021

Калајџиев: Партиите кога ќе дојдат на власт сметаат дека им е природно да земаат од колачот (видео)

Професорот Гордан Калајџиев во гостувањето во Утрински брифинг на Слободна ТВ говореше за политичката состојба во земјава. Како што истакна тој, јавноста најмногу е заинтересирана за високата корупција врзана со политичката елита.

„Корупцијата има различни појавни облици. Освен реторика и некакви лажни борби од типот на измислени функции како вицепремиер за борба против корупција, нема вистинско поместување, вели проф. Гордан Калајџиев и додава дека партиите кога ќе додјат на власт сметаат дека им е природно да земаат од колачот. Се сеќавате дека јавно со години, со насмевка тоа го зборуваше и Љубчо Георгиевски. Мислам дека доаѓаат на власт со желба да делат привилегии и така го делат колачот. Кога имате цела администрација политички поставена луѓето мислат дека со тоа што работеле за партијата, од лепење плакати па нагоре, дека кога ќе дојдат на власт имаат право на дел од колачот“, вели Калајџиев.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •