мај 16, 2021

Двата нови предмети ќе се викаат „Човекот и општеството“ и „Историја и општество“

Со новата концепција за реформи во основното образование, ќе се родат два нови предмети. Интегрираниот предмет по општествени науки од прво до трето одделение ќе се вика „Човекот и општеството“, а од четврто до деветто „Историја и општество“, вели министерката за образование и наука, Мила Царовска во емисијата „Само интервју“.

Таа тврди дека од септември ќе има подготвени учебници за прво и трето одделение, односно во оние генерации каде е планирано да почне реформата.

-Учебниците треба да бидат во електронска форма, но и печатени. За таа цел, треба да се објави повик до експертите во областа да изработат учебници, кои потоа на Комисија треба да поминат филтер дали тој учебник ќе добие зелено светло да се користи во нставата, изјави Царовска.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •