мај 19, 2021

Академик Камбовски: Не смееме да ги одложиме реформите во образованието

Академик Владо Камбовски во денешното обраќање на јавната расправа даде поддршка на новата концепција за основно образование. Камбовски истакна дека оваа реформа е задоцнета затоа што Законот врз основа на којшто се носи е донесен уште пред две години и затоа е неопходно концепцијата да се донесе.

“Не смееме да го одложиме носењето на концепцијата. Не смееме да губиме години. Навремена е новата концепција и време е за соочување на ставовите. Сметам дека вакви слични дебати треба да имаме и за реформи во средното и за високото образование. Оваа реформи ќе треба да отвори расправа и затоа какво ни е предучилишното образовани и какво ни е средното образование”, истакна Камбовски. Академик Камповски посочи дека наставните програми треба да ги следат националните стандарди, односно да се има план со којшто ќе се прави мерење на достигнувањата на учениците.

“Главните протагонисти на целиот овој процес се наставниците. Дојде времето на учителот со големо У да стане главната фигура во образованието”, рече Камбовски.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •