март 8, 2021

ЦАРОВСКА: ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ СЕ БАЗИРА НА ИСТОРИЈА, КОНЦЕПЦИЈАТА НЕМА НИКАКВА ВРСКА СО НАДВОРЕШНО-ПОЛИТИЧКИ ПРАШАЊА

Интегрирање преку наставни содржини, а не  укинување на предмети, предвидува концепцијата за основно образование, вели во интервју за МИА, министерката за образование и наука Мила Царовска.

Во врска со интегративниот процес, кој е содржан во реформата и кој предизвика реакции во јавноста, со тврдења дека се укинува предметот историја, особено сега во чувствителен перод во односите меѓу Скопје и Софија, Царовска напоменува дека интеграцијата постои и во сегашниот модел од прво до петто оделение, а сега е превидено да продолжи до девето.

-Образованието не се базира на историја и оваа концепција нема никаква врска со надворешните политички прашања на нашата држава. Има единствено врска со внатрешни постигнувања на нашите деца коишто понатаму треба да бидат продуктивни граѓани да ја водат државата. Е сега, интеграција и денеска постои, во петто одделение вие имате интеграција и немате никаков проблем тука. Имаме во четврто, петто и така подметнувања одреден предмет за да се прејде кон предмет на настава од шесто. Од шесто сега би требало само да продолжи. Значи, станува збор за шесто, седмо, осмо и деветто одделение интегрирање, но не целосно поклопување на научните дисциплини, вели Царовска.

Појаснува дека предметите во рамки на општествените или природните науки, остануваат модуларно, бројот на часови останува ист, а интеграцијата се однесува на темите коишто се учат да се поврзат со сите научни дисциплини.

-Зошто? Затоа што ниту еден проблем во животот, ниту еден предизвик не го решаваме само со користење на една научна дисциплина. Треба да имаме сознанија од повеќе научни дисциплини за да можеме да ги надминеме прашањата коишто ни се поставуваат за разгледување на маса. Тоа го поставуваат и сите меѓународни тестирања. Ние со години ништо не менуваме и се чудиме зошто меѓународните тестирања едноставно не оставаат најдолу. Не се нашите деца помалку паметни од другите деца, туку едноставно нашиот систем не ги учи да проблемите ги разгледуваат од повеќе агли, вели Царовска.

Додава дека предметите модуларно ќе постојат и дека никој не треба да се плаши дека ќе остане без работа.

-Јас одговорно тврдам дека ние ќе имаме дефицит. Ние ќе имаме дефицит на кадар со ваква интензивна работа на училиштата. Сега училиштата работат само формално образование и само она што е задолжително. Останато време учениците го поминуваат – дел од нив без позитивно влијание, дел од нив ако родителите имаат финансиски средства да платат со позитивно влијание, но плаќаат за истото – различни секции, различни спортови итн, додава таа.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •