март 8, 2021

ПРОДОЛЖУВА РАСИПНИЧКОТО ТРОШЕЊЕ НАРОДНИ ПАРИ

❗️Владата на СДС продолжува со погубните политики, не само на централно ниво со своеглавото инсистирање на спроведување попис на населението среде пандемија, туку со таа политика продолжуваат и на локално ниво.

По простување на долговите на општина Охрид, градоначалникот и неговата партија на власт ветија дека општинскиот буџет и политики на локално ниво ќе бидат развојни и во интерес на сите Охриѓани. Но, повторно по стапките на премиерот, и градоначалникот покажува неконзистентност во ставовите и политиките.

‼️Имено Советот на општина Охрид даде зелено светло за нови 32 вработувања во општината, за која пред доаѓањето на власт од СДСМ тврдеа дека е превработена со партиски кадри. Во таа насока говори и фактот дека бројот на вработени во општината во изминативе 15 години пораснал за најмалку 5 пати.

Иако од СДСМ се свесни дека таквата одлука на Советот не придонесува за развој на општината и е само дополнителен терет на општинскиот буџет, тие сепак одлучуваат да го спроведат. Целта на оваа одлука станува јасна доколку се погледне фактот дека наближуваат локалните избори и е потребно задоволување на барањата на членството на владејачата партија.

Сподели
  •  
  •  
  •  
  •  
  •  
  •